Откриен идентитетот на монструмот што го изврши масакрот во училиште во Русија/ВИДЕО

474
Фото: screenshot СВТВ

Пукањето во училиштето во Ижевск, во кое беа убиени 13 лица, меѓу кои седум деца, го извршил Артем Казанцев (34), кој своевремено учел во тоа училиште.

Властите проверуваат дали тој имал неофашистички ставови, јавуваат локалните медиуми.

Нападот се случил рано утринава во училиштето број 88, а напаѓачот се самоубил по крвиот масакр.

Според последните податоци, во злосторството загинале 13 лица, од кои седум малолетници, а 14 деца и седум возрасни се повредени. Во Удмуртија е прогласена жалост.

– Инспекторите на Рускиот истражен комитет го утврдија идентитетот на напаѓачот на училиштето во Ижевск. Станува збор за Артем Казанцев, роден 1988 година, родум од градот Ижевск, кој завршил во ова училиште… Се проучува личноста на напаѓачот, неговите ставови и околината. Се проверува неговото придржување до неофашистичките ставови и нацистичката идеологија – соопштија властите.

Од Истражниот комитет додаваат дека се врши претрес на домот на напаѓачот.