Во јавноста се појавија документи кои наводно, откриваат што ќе се случува од моментот кога кралицата Елизабета ќе почине. Во нив прецизно се наведени детали за постапките кои ќе бидат преземени во првите часови и денови по нејзината смрт.

На надлежните служби им е наредено да ги спуштат знамињата на половина копје во рок од 10 минути по објавата, а членовите на Владата ќе бидат информирани за тажната вест.

Принцот Чарлс кој ќе стане крал по смртта на својата мајка, ќе и се обрати на нацијата на денот на нејзината смрт, а премиерот ќе биде прв член од Владата што ќе изрази сочувство на кралското семејство.

Според овој „протокол“ клралицата би требало да биде погребана 10 дена по смртта, а принцот Чарлс ќе тргне во обиколка на змејата пред погребот.

Деталите за тоа што ќе се случи, во документот под име „Операција Лондонски мост“ ги објави „Politiko”.

Кралицата Елизабета владее со В.Британија од февруари 1952 година, сега има 95 години и нема знаци дека е со нарушено здравје. Плановите за нејзиниот погреб постојат, но не се ревидирани.