Откриено тајното име на кралицата кое го знаеле само нејзините телохранители

97

Цели тимови се наоѓаат околу кралското семејство и во нивна близина, а секој од нив има тајно име за да ги заштити нивната приватност и идентитет.

Кога  членовите на кралското семејство се појавуваат во јавност, тие се опкружени со обезбедување. Цели тимови се наоѓаат околу нив и во близина, а секој од членовите на семејството има тајно име за да ги заштити нивната приватност и идентитет.

Според зборовите на извор близок до семејството, кој дал интервју за  британскиот „Сан“ оваа недела, тајното име на кралицата Елизабета не е поврзано со ниеден таен агент или суперхерој.

„ Таа е секогаш означена со буквата Ш (S). Како Шерон (Sharon) “ рекол изворот.

Според пишувањето на „Дејли мејл“, буквата „S“ повеќе одговора на нејзиниот статус суверена, пренесува магазинот „Мери Клер“. Кралскиот историчар Хуго Викерс потврдил дека можната приказна за тајното име на кралицата веројатно е вистинита.

– Многу е веројатно дека е така. Целта на епитетот е да звучи анонимно и лесно да се памети. Ако со тоа може и да се измами, тогаш тоа е вистинско – рекол тој.