Откриено ново наоѓалиште на нафта во Атлантски Океан во територијалните води на Гана

125

Компанијата „Спрингфилд” од Гана во Атлантски Океан во близина на брегот на западноафриканската држава откри богато наоѓалиште на нафта.

Се проценува дека капацитетот на новооткриеното наоѓалиште е 1,5 милијарди барели и 700 милијарди кубни метри гас.

Наоѓалиштето е значајно за Гана, која во моментот произведува околу 200.000 барели нафта дневно.

Компанијата „Спрингфилд” која 100 проценти е во државна сопственост соопшти дека потенцијалот на новото наоѓалиште е над три милијарди барели нафта и гас