Помина речиси една недела откако загина легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант, а истражителите се на терен се со цел да ја откријат причината за падот на хеликоптерот во кој животот го загубија девет лица.

Специјализиран тим, кој е дел од Министерството за транспорт на безбедност на САД, во изјавата за медиумите соопшти дека хеликоптерот не бил опремен со посебен систем (сензори) што ќе го предупредат пилотот дека се приближил премногу до некој терен. Но, тие исто така истакнаа дека не можат да заклучат дали оваа технологијата ќе ја спречела трагедијата.

Се поставува и прашањето зошто Брајант, кој честопати се возел со овој хеликоптер, не ги спровел сите неопходни безбедносни системи.

Исто така се споменува и итната медицинска помош која мора да ја има секое летало од 2004 година, кога се случила слична несреќа, а во овој случај ја немало.

Многумина сметаат дека ова се главните причини за несреќата во која смртно настрада Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум лица.

Кога на овие работи ќе се додаде и густата магла, било јасно хеликоптерот не е баш погоден за летање во такви услови.

Инаку, канцеларијата за испитувачи на округот Лос Анџелес објави дека сите девет жртви загинале од тешките фрактури по ударот на хеликоптерот со голема брзина, пренесува „Мирор“.

Но, она што многумина ги изненади е тоа што хеликоптерот немал црна кутија, па затоа истрагата е далеку подолга од предвиденото. Уште кога ќе се додаде експлозијата која настанала веднаш по ударот во планината, форензичарите имале еден куп работа – да ги пронајдат сите делови од телата кои биле распространети во радиус од 200 метри. Според последните нејави, тие го идентификувале телото на 41-годишниот Брајант со помош на отисоци од прсти.

Инаку, како што пренесува „Њујорк Тајмс“, пилотот Ара Зобијан имал дозвола за летање на хеликоптери, но хеликоптерот на Брајант немал дозвола и не смеел да лета.