Откриена „суперхраната“ на Меси, Роналдо и Бензема

320

Познато е дека сите големи фудбалери мораат да водат грижа околу својата исхрана, а посебната диета ја делат Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

Фудбалерите на ПСЖ, Ал Наср и Реал (М) ја делат тајната за посебната „суперхрана“ која им помага да бидат на највиско можно ниво и во четвртата деценија од својот живот.

Триото добитници на „Златната топка“ и понатаму игра на високо ниво иако голем е бројот на фудбалери кои во тие години се пензионираат.

Исхраната е големо значење во модерниот фудбал, а Меси, Роналдо и Бензема се повеќе од идеален пример. Како што пренесуваат шпанските новинари „суперхраната“ е многу популарна во фудбалските соблекувални, а се состои од производи кои имаат важни хранливи материи.

Една, која ги исполнува сите критериуми кои му се потребни на фудбалерот е морската трева која во последно време е меѓу најбараните производи во САД.

Морските алги се познати и по тоа дека помагаат во одржувањето на чистотата на океаните, а имаат и седум пати повеќе протеини од месото, рибата и зеленчукот.

Ги содржат витамините А, Б1, Б2, Ц, Д, Е, како и калциум, железо, влакна од калиум и затоа фудбалерите се полни со енергија за време на натпреварите и тренинзите.

Освен тоа морската алга го забрзува метаболизмот и на крајот помага во губитокот на килограми, а голем плус е тоа што нема калории.

Познатиот шпански готвач, Алберто Мастроматео, кој беше и приватен готвач на Меси, Роналдо и Бензема, постојано повторува дека луѓето мора да јадат морски алги поради големиот број на здравствени предности.

  • Содржат голема нутрициона вредност. Со мала количина добивате голем број на протеини кое телото ги прифаќа подобро од животинските.  Многу верувам во нутриционата моќ на алгите кои се извор на омега 3 полинезаситени масни киселини и други здрави липида, но и витамини и антиоксиданси. Затоа, речиси во сите свои јадења го вклучувам овој вид на храна, изјави Мастроматео.