Откриена причината за сообраќајната несреќа на Тајгер Вудс

206

Завршена е истрагата околу сообраќајната несреќа на најдобриот голфер на денешницата Анериканецот Тајгер Вудс. Тој помина многу време во болница по несреќата во Лос Анџелес, каде му беа направени неколку хирушки и нтервенции, а беше пуштен на домашно лекување пред две недели.

Според истражителите причина за несреќата е преголемата брзина со која возел голферот на патото на кој е дозволено да се вози многу помалку.

На место каде што е дозволено до 70 км на час, Вудс возел 140 км на час со својот Hdzundai Genesis GV80 вреден педесет илјади долари, е потврдено од канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес. Во дрвото покрај патот , од каде слетал удрил со брзина од 120 км на час.

Поради силината на ударот пожарникарите морале да го исечат лимот за да го извадат од уништениот автомобил, а Вудс бил цело време свесен, иако бил видливо во шок. Пожарникарите соопштија дека голферот сам се обидел да излезе од возилото, но не можел бидејќи бил заробен и имал сериозни повреди. Тој бил итно пренесен во болница каде му биле дијагностицирани тешки фрактури на двете нозе и морал да биде опериран при што коските на нозете му биле поврзани со шипки. Тој претрпе најголеми повреди на скочниот зглоб и стапалата.