Откажани испити, евакуирани згради: Дојави за подметнати бомби на неколку факултети во Белград

79

На адресите на неколку факултети во Белград попладнево пристигнале пријави за подметнати бомби, јавија белгрдските медиуми.

Во тек се полициски проверки, а студентите и вработените се евакуирани.

Според пријавите на граѓаните преку социјалните мрежи, дојави за подметнати бомби стигнале до Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот и до Правниот факултет.