Откажана премиерата на новиот Бонд во Кина поради коронавирусот

152

Премиерата на новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд „No time to die“ во Пекинг, е откажана, а нема да има ниту промотивна турнеја која е најавена во април, поради епидемијата на вирусот корона. Кинеските власти ги затворија повеќе од 70 илјади кина во државата, па продуцентите одлучија да го откажат доаѓањето на актерите во Кина.

Тоа значи дека дури и да се отворат кината повторно во април, кинеските фанови нема да можат да го видат главниот актер Даниел Крег и останатите ѕвезди, бидејќи им е советувано да не одат во Кина.

Од Кина и останатите држави на истокот се очекуваше дека филмот ќе донесе заработувачка меѓу 150 и 300 милиони долари, што засега звучи како невозможна мисија.