Отворен новиот аеродром „Вили Брант“ во Берлин

127

По деветгодишно задоцнување и далеку над првично планираниот буџет, денеска, по мала церемонија и со само неколку патници, среде епидемијата на коронавирусот конечно беше отворен новиот аеродром „Вили Брант“ во Берлин.

Изградбата на новиот аеродром во Берлин почна во 2006 година и работите првично се планираа да завршат во 2011 година, но оттогаш отварањето беше одложено шест пати.

Изградбата на новиот аеродром во Берлин чинеше шест милијарди евра, што е околу трипати повеќе отколку што првично беше планирано, а работите конечно беа завршени среде пандемијата и ограничувањата за собирање и движење на населението.

Просечниот сообраќај на авионски патници низ Берлин минатата година бил околу 35,6 милиони патници, најмногу во Германија по Франкфурт и Минхен.

Извор:МИА