Вечерва во Охрид свечено е отворен јубилејниот 60 фестивал Охридско лето. Отворањето, исто како и подоцнежните настапи, се одвиваат под строги здравствени процедури поради пандемијата со ковид-19.

Годинешниот јубилеј е во чест на една од основачите на Охридско лето, Ана Липша Тофовиќ. Сцената на Античкиот театар ќе блесне со концертот на арии насловен како „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“ во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран од Србија, Дарио Ди Виетри – тенор од Италија, Иван Томашев – бас од Србија и Аманда Стојовиќ – мецосопран од Црна Гора, а во пијано придружба на Миливое Велиќ.

На присутните им се обратија проф. Снежана Чадиковска, министерот Хусни Исмаили, а манифестацијата за отворена ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.