Отворена сензорна соба во ОО „Дане Крапчев“

72

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваше на отворањето на сензорната соба во Основното училиште „Дане Крапчев“, која се  отвори во рамки на одбележувањето на интернационалниот ден на детето.

Оваа сензорна соба се реализира како дел од проектот🗂 “Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската унија и проектот “И јас имам глас” кој е финансиран од Save the children International преку Шведската Агенција за меѓународен развој.

– Во оваа сензорна соба се вклучени елементи за сензорна стимулација на учениците, алатки за когнитивен развој, опрема за подобрување на крупна и фина моторика, меко катче и катче за осамување и слично. Најголема придобивка ќе имаат учениците со попреченост, учениците од аутистичниот спектар, како и сите ученици кои во одреден момент имаат потешкотии во учењето – информира Стефковски.