Отворена канцеларија за социјална помош

130

Месната заедница во Синѓелиќ доби и канцеларија за социјална помош. Со тоа, околу 20.000 жители на општина Гази Баба ќе можат да поднесат барања за остварување на право на надомест за помош и нега од друго лице, за остварување на право на надоместок заради попреченост, како и за остварување на право на гарантирана минимална помош во месната заедница во Синѓелиќ.

Заедно со заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министер за труд и социјална политика Санела Шкријељ, како и директорката на Центарот за меѓу општински центар за социјални работи, Наташа Станојевиќ, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски направија увид во работата на новото одделение, со цел што повеќе граѓани да знаат дека во нивната околина постои канцеларија каде ќе можат да ги добијат услугите од овој сектор.

-Објектот кој беше напуштен и руиниран, го вративме кај граѓаните и сега е во целосна функција во нивна корист. На едно место граѓаните имаат месна заедница, канцеларијата за превенција на МВР, одделение за матична служба и одделение за социјална работа-истакна Георгиевски.