Тимовите на Ред Бул и Астон Мартин во Формула 1 се во центарот на внимението во последно време, а причина за тоа се нивните болиди, кои се идентични.

Имено, Астон Мартин ја претстави својата нова верзија на болидот за која на големо се зборуваше и која неодоливо потсетува на Ред Бул РБ18, а тоа беше доволно за ФИА веднаш да отвори истрага.

  • Не е ова сличајност, затоа што повеќе од нашиот персонал премина во Астон Мартин. Не можеме да ги запреме луѓето и да ги спречиме да заминат од нашата компанија и да го изнесат своето знаење. Меѓутоа, не е фер, ниту прифатливо да се изврши пренос на интелектуалното знаење, истакна првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.