Отворена истрага за убиство за руските туристи кои беа пронајдени мртви во хотелска сауна

1306

Обвинителството во албанскиот приморски град Каваја, соопшти дека отворило истрага за убиство во случајот со четворицата руски туристи, кои беа пронајдени мртви во хотелска сауна вечерта на 15 октомври.  

Обвинителството во соопштението додава дека ги оценува доказите и исказите на сведоците, работи на завршување на истрагата што е можно поскоро и бара да се почитува доверливоста на истрагата.  

 -Иако го окарактеризира како убиство, обвинителството засега нема осомничено лице за оваа трагедија. Руските туристи заедно со други нивни сонародници биле сместени во хотелот „Глорија“ во турстичката зона Керет, кај Каваја, на 50 километри од Тирана, наведува Топ чанел. 

 Сергеј Буренков (60), неговата сопруга Наталија (58), нивната ќерка Екатерина (31) и нејзиниот свршеник, Никита Белоусов(37), првично се мислеше дека починале од задушување, но околностите беа неразјаснети и официјалниот судски извештај не беше објавен. 

 Тие во хотелот во Ќерет престојувале трет ден, а  денот пред  смртта го поминале  во Охрид, а  на враќање кусо се задржале и во градот Либраж, поради што како една од можните причини за смртта која настапила одеднаш беше труење со храна или евентуално консумирање психотропни супстанции. Од обдукцијата е потврдено дека во нивната крв немало присисуство на дрога или алкохол.