Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово вечерва ќе биде отворена клупската изложба на фотографија „Мајски салон 2022“.

Изложбата е во организација на фото-кино клуб “Козјак” – Куманово и ќе содржи 44 фотографии на членовите на клубот.

Покровители на изложбата се градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Народна техника, и НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, a под патронат на Фото сојуз на Македонија.