Отворање на Европска куќа во Струмица

20

 Евроамбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев денеска ќе ја посетат Струмица за да ја отворат новата Европска куќа (Europe House), која е основана од Делегацијата на ЕУ за да им служи на младите луѓе од Струмица и да функционира како младински центар за поширокиот регион.

-Околу една година по отворањето на Europe House во Скопјеи само неколку дена по отворањето на Europe House во Крива Паланкауште едно место за новите генерации сега се отвора во СтрумицаТрите објекти (сега за сегана Europe Houses се специфично обмислени за да ги задоволат потребите на младите луѓе од соодветните региони и да им понудат можности на младите за развој на нивното критичко размислување и способноста за дебатирање и вмрежување, информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.        

Оттаму појаснуваат дека програмата за отворањето почнало синоќа со светлосна инсталација и настап на локални музичари и уметнициОфицијалното отворање вклучува активности на отворено во малиот парк лоциран спроти Europe House во Струмица со учество на локални млади луѓе т.ехип-хоп танцовото студио One Way, графити уметникот Сашко Николовскиспортистиуметници, како и Младите европски амбасадори и аташеа од Северна Македонија.

-Градоначалникот Коста Јаневски ќе го предаде клучот од Europe House на младите луѓе од Струмица во присуство на амбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран ЗаевВечерта се планира light аrt инсталација внатре во Europe House како заокружување на денот на отворањетоСедумдневната програма за отворањето ќе се спроведе во согласност со безбедносните протоколи за Ковид-19, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ. 

Извор:МИА