Осум пожарникари се борат со пламените јазици во пожар кој беснее над Арачиново/ФОТО

323

Вечерва повторно се разгоре огнот на дивата депонија кај селото Арачиново, од каде цел ден се ширеше чад, што предизвика загадување на воздухот.

Огромни пламени јазици се гледаат и од повиските делови на градот. Од противпожарната единица на Град Скопје велат дека попладнево пожарот бил изгаснат, но од вечерва повторно се разгорел.

„Депонијата во Арачиново гори од утрово од 8,15 часот. Три противпожарни возила се ангажирани до попладнево до 15 часот кога пожарот беше изгалснат. Но, вечерва депонијата е повторно запалена. Во моментов две пожарни возила со 8 пожарникари се на лице место и се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот“, вели за ВЕЧЕР, Владимир Симоновски, командант на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Оваа депонија, вели,тој пред 6 месеци била исчистена со багери од општина Арачиново, но сега повторно е направена депонија и од утрово запалена.