Осумтемина исклучени бараат оставка од Христијан Мицкоски

330

Со ова раководство, не постои простор за помирување и враќање во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави пратеничката Емилија Александрова, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Александрова побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради, како што рече, лицемерниот однос кон членството и пратениците.

 Таа не коментираше дали независната група била дел од новата партија со вмровски предзнак, за чие формирање се шпекулира подолг период .