Осумнаесетгодишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Чаир

82

Осумнаесетгодишен мотоциклист беше повреден во сообраќајна несреќа која се случи попладнево во Чаир.

„Денеска околу 17,40 часот пријавено е дека на ул.Ќемал Сејфула се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед Јамаха со скопски регистерски таблички, управуван од К.Џ (18) од Скопје и патничко возило Фолксваген Пасат управуван од Е.Р. (24) од Скопје“, велат од МВР.

До овој момент пријавен како повреден е К.Џ. кој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен Центар каде му била укажана лекарска помош и констатирани се тешки телесни повреди. Увидот е во тек.