Најпознатиот полковник на руската војска, Николај Николаевич-Раевски, кој на Лав Толстој му послужил како инспирација за ликот на гроф Вронски, во романот Ана Каренина“, погребан е во Украина, но неговото срце е закопано во Ѓунис, место во близина на Крушевац.

Во помош на Србите кои биле во војна со Турците, далечната 1876 година, доаѓале многубројни доброволци од странство, а најмногу од Русија.

Меѓу овие доброволци бил и триесетгодишниот руски полковник Николај Николаевич-Раевски, потомок на прочуеното руско благородничко семејство и внук на генералот Раевски, кој ја водел руската војска против инвазијата на Наполеон.

Полковникот кој на Лав Толстој му послужил како инспирација за ликот на грофот Вронски во романот „Ана Каренина“, само по 16-дневен престој во Србија влегол во историјата.

Во текот на подготовките на Србија за војна, како пратеник на рускиот цар Александар Втори, Раевски во 1867 година во повеќе наврати престојувал во извидувачка мисија, обиколувајќи ги патните правци кон Босна, боиштата на идната војна, а за своите впечатоци ги информирал власта во Србија и во Русија.

Според најпреведуваната книга по Библијата, откако Каренина се фрлила под воз,  грофот Вронски се пријавил за доброволец и заминал на боиштата во Србија. Толстој тука ја завршува приказната, а животот на Николај Раевски завршил со  смрт во битката со Турците  на 20 август 1876 година кај селото Горњи Андровац, недалеку од Алексинац.

Народната легенда вели дека само неколку минути пред смртта, Рајевски ручал, пиел вино и поаѓајќи на позицијата рекол „Ако загинам, срцето оставете ми го Србија, а телото пренесете го во Русија“.

И желбата му била исполнета. Неговите посмртни останки првично се погребани кај портата во манастирот „Свети Роман“ во Ѓунис, но тука почивале само неколку денови.

Откако неговата мајка Ана Михајловна пристигнала во Србија, телото на Раевски е пренесено во Белград. Каде што со најголеми воени почести и опело во Соборната црква, на која присуствувал кнезот Милан Обреновиќ, е испратено во селото Разумовска во Украина, каде е погребан во семејната гробница. Неговото срце останало во портата на манастирот Свети Роман.

На местото каде што загинал полковникот во Горњи Андровац во 1903 година е подигната црква „Света Троица“, во народот позната како риска црква или црква на љубовта. Од нејзиниот влез до патот се засадени дрвореди од липи, донесени од поседите на семејството Раевски во Украина.