Македонската кошаркарска репрезентација и покрај негативата од 16 поени во втората четвритна на крајот успеа да слави над фаворизираната Италија со 87:78 и со тоа остана во игра за пласман на Европското првенство оваа година.

„Црвено – жолтите“ лошо го стартуваа натпреварот и по првата четвртина имаа негатива од десет поени (30:20). Во вториот период Италија имаше предност и од плус 16 поени кон крајот на четвртината (50:34), но нашите репрезентативци успеаја да намалат на минус 11 до полувремето (52:41).

Клучна беше третата четвртина која нашата селекција ја доби со 26:13 и практично ја презема резултатската контрола, а во последниот педиод успеа и целосно да одржува позитивен резултат во своја корист.

Ова е прв триумф за избраниците на Александар Тодоров во овие квалификации со кој останаа во игра за пласман на ЕП. За таа цел, Русија ќе треба да ја оправда фаворитската улога против Естонија, а в понеделник ние ќе мора да ја добиеме Естонија со двоцифрена разлика.