Оставката на Мемеди денес пред пратениците

60

Потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, кој поднесе оставка на пратеничката функција, денеска на седница ќе се обрати пред пратениците, по што треба да биде констатирана неговата оставка.

Арта Точи од Алијансата за Албанците е следна на листата, која би требало да седне на местото на Мемеди ако тој не отстапи од намерата да се повлече од пратеничката функција.