Наместо славје во шампионскиот тим во Формула 1, изминативе денови се случува вистинска драма во редовите на Ред Бул.

Серхио Перез и старо-новиот шампион Макс Верстапен, колегите од Ред Бул, се фатија за „врат“ по трката во Бразил поради непочитување на тимските наредби и доколку ситуацијата наскоро не се смири – не би било изненадување што за време на паузата ќе има големи промени, дури и разделба на големиот тандем.

Макс Верстапен одби да му ја „врати“ позицијата на Серхио Перез во последниот круг од трката, што многу му значеше бидејќи ја брка вицешампионската позиција, а по острите зборови од двете страни, се јави и мајката на Холаншанецот.

Имено, Софи Кумпен, мајката на Макс Верстапен и поранешна натпреварувачка во автомобилизмот, се огласи на Инстаграм и го „пецна“ Серхио Перез. Во коментар на објавата за актуелниот конфликт меѓу двајцата возачи на Ред Бул, Софи се осврна на контроверзноста што го следи Мексиканецот и која беше успешно „прикриена“ претходната година, а се однесува на неговите бурни ноќи во кои ја извеверуваше својата сопруга.

  • Да, а потоа навечер оди и ја изневерува сопругата…, напиша Софи Кумпен и со тоа веројатно уште повеќе го разгоре односот меѓу двајцата пилоти.

Инаку, Макс Верстапен доби наредба од својот тим да го пропушти Перез на трката во Бразил, на што Холанѓанецот ја одби наредбата, а по трката истакна дека тоа никогаш нема да го направи поради посебни причини.

  • Веќе ви кажав минатото лето да не го барате тоа од мене. Дали го разбирате тоа? Ви ги наведов моите причини и стојам на нив, истакна Верстапен.

Поради ова негово одбивање, Перез разочаран изјави дека „се видело вистинското лице на Верстапен“.

Овој викенд ќе се вози и последната трка сезонава, за Големата награда на Абу Даби.