Осориo единствена зимска аквизиција

82

Големиот талент од редовите на чилеанскиот клуб, Универсидат де Чиле, Дарио Осорио, најверојатно ќе биде единствената зимска аквизиција на актуелниот шампион на Италија, тимот на Милан. Медиумите од Апенинскиот полуостров открија дека „росонерите“ испратиле официјална понуда за крилниот напаѓач вредна 5 мил. евра и дека истата најверојатно ќе биде прифатена до крајот на зимскиот преоден рок.