Осмомартовски базар на ракотворби во ГТЦ

119

Сојузот на микрофинансиски организации во соработка со Занаетчиската комора го организира осмомартовски базар на ракотворби, каде жените-претприемачи ги презентираа своите производи. Базарот започна на петти март, а ќе трае до денеска во Градскиот трговски центар (ГТЦ), лоциран на просторот пред продавницата на Телеком.

Базарот е дел од Проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето како тригодишна програма со буџет од 1,4 милиони долари.

– Обуките за изработка на накит ги направив во занаетчиска комора преку добивање грантови од УНДП. Занаетчиската комора на град Скопје многу ни помага да се произнесеме и да се промовираме на најдобар можен начин. Интересот е голем, луѓето сакаат да осознаат што е филигранска техника, таа постои од времето, но ние внесовме нов тек и на мотиви и на традиција, изјави жена-претприемник која изработува накит со филигран од сребро, Марина Јакшиќ.