Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево реагираше на одлуката на Русија да протера еден македонски дипломат. Османи, како што напиша на Твитер, жали за одлуката на Русија за протерувањето на македонски дипломат и смета дека таа е неоправдана.

-Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Руската Федерација, напиша Османи на Твитер.

МНР: Одлуката на Русија е политичка освета

Македонски дипломат протеран од Русија