Ослободен словенечкиот министер за економија по целодневниот распит во полиција

41

Словенечата полиција синоќа го ослободи министерот за економија и потпретседател на Владата, Здравко Почивалшек, кој вчера беше приведен под сомнение дека го оштетил словенечкиот буџет при набавка на респиратори и друга медицинска опрема за време на епидемијата со новиот коронавирус.

Полицијата вчера изврши претреси во 11 објекти, меѓу кои и канцеларијата и домот на Почивалшек во обид да се најдат докази за корупција при реализацијата на осум милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема.

Оставки поради случајот поднесоа словенечкиот министер за внатрешни работи  Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, додека премиерот Јанез Јанша истрагата ја оцени како политички мотивирана со цел да се собори актуелната Влада.

Почивалшек е лидер на коалициската Партија на модерниот центар, втора најголема партија во словенечката Влада, без која владејачката коалиција би немала парламентарно мнозинство.

Словенечките опозициски партии истакнаа дка постапката против Почивалшек е добра причина за нови избори или гласање на доверба на Владата.