Ослабев десет килограми и затоа играм многу подобро

57

Првата ѕвезда на НБА тимот Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, успеа да ослабне десет килограми и затоа, како што самиот вели, се чувствува многу подобро на теренот.

Србинот во изминатиот период, поточно на крајот од минатата и почетокот на оваа сезона имаше проблем со вишокот на килограми, но сега го реши тоа со помош на кондициониот тренер на Нагетси.

Тој вели дека можеби тоа било главната причина поради што лошо ја отворил сезоната.

-Мислам дека не шутирав волку добро во првиот дел од сезоната. Шутевите ми беа премногу куси, а имав и многу повеќе килограми. Успеав да ослабам 10 килограми и морам да кажам дека се чувствувам многу добро. Нашиот кондиционен тренер Филипе, кој е пет години со нас, ми даде план со исхрана и ми направи план за тренинг. Заедно минавме низ тој процес и навистина сум задоволен од тоа како испадна, изјави српскиот кошаркар.

Инаку, центарот на Денвер во досегашниот дел од сезоната има скор од 20,6 поени и 6,9 асистенции по натпревар, а и оваа сезона играше на Ол-Стар натпреварот.