Осквернавен гробот на Карл Маркс

65

Непознати сторители го осквернавиле гробот на Карл Маркс, што се наоѓа на гробиштата „Хајгејт“ во северниот дел на Лондон.

– Споменикот на Карл Маркс е осквернавен!, објави денеска на Твитер управата на гробиштата „Хајгејт“, додавајќи дека надгробниот споменик „е оштетен во вандалски напад со чекан, што се случи последните неколку дена“.

Оваа не е прво сквернавење на гробот на Маркс, кој се наоѓа на листата на британско културно наследство. Најсериозниото меѓу нив се случи во 1970 година, кога врз гробот беше фрлена бомба.

Маркс, кој е автор на „Капиталот“ и коавтор на „Комунистичкиот манифест“, од 1849, па до неговата смрт во 1883 година, живееше во Лондон.