Освоен европскиот џекпот: Уплатил осум евра, а добил деведесет милиони!

101

Европскиот џекпот падна во Германија, во рацете на среќајлијата од градот Хесен, чие име се чува во тајност од разбирливи причини, јавуваат за ДПА од Лото Хесен, пренесува Дојчевеле.

Кога му било потврдено дека навистина е добитник на 90 милиони евра, среќниот играч не можел да си дојде на себе и во бунилото на среќата постојано повторувал: „90 милиони, јас, 90 милиони…“.

Од германската лотарија се понудија и да му дадат гратис советување и поддршка за тоа како да постапи со огромната добивка, доколку му е потребно, а среќниот добитник рече дека ќе им се обрати, откако прво ќе се смири.