„Осветлено“ – промоција на модните дизајни на Анук Випрехт

141

Во фоајето на Националната опера и балет (НОБ) вечерва се одржа гала моден настан „Осветлено“, на кој беа изложени оригиналните модни дизајни на светски познатата холандска хај – тек модна дизајнерка Анук Випрехт.

Модните дизајни на дизајнерката Анук Випрехт ја спојуваат модата и технологијата.

Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија, а се реализираше во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

По промоцијата на модните дизајни, Анук Випрехт им се заблагодари на студентите и на нивната менторка Лидија Георгиева за соработката и посочи дека модата и технологијата почнала да ги комбинира уште од 17 години. 

Инаку, холандската дизајнерка живее и работи на релација Л.А. Мајами – Амстердам и нејзините модни дизајни во себе инкорпорираат вештачка интелигенција и технологија.