Осветен крстот во село Могилец, подарок на брачен пар од селото

72

Со голем црковно-народен собир и во присуство на голем број верници и гости, во село Могилец, Бродско, беше осветен крстот чии ктитори беа брачниот пар Стојанче и Јагода Илијоски жители на ова село.

– Нашата желба на село Могилец да му подариме крст ја реализиравме и на селото му подаривме метален крст со височина од 6 метри и ширина на краците од 3,40 метри. Крстот го изградивме во рекордно кус период од два месеца, почнувајќи од 1 јуни па сè до осветувањето. И овој пат сакаме да изразиме голема и искрена благодарност до војниците од кичевската касарна, кои подготвија оброк за присутните на ова осветување. Сега кога ќе погледнете од далечина, село Могилец ќе го препознаете по преубавиот и осветлен крст, кој го подаривме на селото јас и мојата сопруга – истакна ктиторот Стојанче Илијоски.

Чинот на осветување го изврши отец Саше Костадиноски, свештеник од Македонски Брод.

Инаку, осветувањето беше збогатено и со жива музика на група од Гостивар.