Освен Македонија и Русија, Кина и Јужна Кореа заинтересирани за Белене

211
ID:3416670

Како што изјави бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, Софија  иднатата година ќе го оживее проектот Белене за кои на руската компанија Росатом и биле платени 620 милиони евра во 2012 да се окаже од овој проект.

„Многумина беа скептични, сомневајќи се дека некој воопшто би имало заинтересирани за проектот. Писмата со намери ги елиминираа овие сомнежи. Станува збор за светски лидери во нуклеарната енергија“, рече бугарската министерка.

Писма за намери испрати руската Росатом, кинеската CNNC и подружницата на Кореа Електрик Корп, Кореја Хидро и Нуклеарна Електрична Компанија (КХНП), потоа конзорциум во кој учествува чешката компанија Витковице Хеви Машини, двајца бугарски понудувачи и една компанија регистрирана во Германија.

,,Соседната Северна Македонија е заинтересирана за малцински удел и долгорочни договори за набавка на нуклеарна енергија, проценети на 10 милијарди евра”, рече министерката Теменушка Петкова.

Бугарската енергетска компанија е исто така заинтересирана за малцинскиот удел, кој исто така сака долгорочен договор за откуп на електрична енергија. Владата планира да задржи удел во проектот што ќе и овозможи да влијае врз клучните деловни решенија, но нема да одобри државни или корпоративни гаранции или да биде подготвена да купи електрична енергија според долгорочните договори за повластени цени.

Имињата на кандидатите од потесниот избор ќе бидат објавени за три месеци, а потоа ќе бидат побарани обврзувачки понуди. Владата нема да ангажира консултанти за процесот на селекција што треба да се одржи во мај 2020 година.