Освежувачки летен студен напиток од мента

236

Периодот на свежи овошја и зеленчуци, носи уште една трета среќа за љубителите на свежите состојки – изобилство од свежи ароматични билки. Купете си китка свежо нане, од она миризливото и пригответе си пријатен, освежителен пијалок, кој особено недостига во моментите на неиздржива врелина и спарнина.

Чајот од мета може да се комбинира и со други билки. Важно е дека е многу здрав и има пријатен вкус.

Потребно:

  • Свежа мента
  • Вода
  • Мед и лимун по желба

Приготвување:

Неколку гранчиња мента прелејте ги 2 дл зовриена вода и оставете да отстои пет минути, за билката да ја испушти својата неодолива арома. Во врелиот чај сипет околу 1-1.5 л водса и додајте ја ментата што претходно ја прелеавте со зовриена вода. Во вака приготвениот напиток можете да наредната кора од лимон, или да исцедите малку сок, и да го засладите малку по желба

 

Самата мента влиаје смирувачки и ги јакне нервите, помага во надминување на наздразнетоста на желудникот, на сите проблеми со варењето, надуеност. Облоги од мента ги смируваат исипите и црвените очи.

Во комбинација со рузмарин и маточина ја зајакнува психичката отпорност и ја лечи емотивната нестабилност. Чајот се приготвува на тој начин што исто количество од сите три билки се прелева до 2 дл врела вода, се остава да отстои десетина минути и се пише по две шолјички, најдобро пред главните оброци.