Булгурот е многу здрава житарка, која се повеќе се користи во разни јадења, сосови со зеленчук, салати или супи. Тој се подготвува од пченично зрно, кое се вари делумно, а потоа се ситни на мали делови. Фино мелениот се користи за подготовка на леб и колачи, а грубо мелениот за салати, сосови и супи.

Ви предлагаме да подготвите една лесна салата која можете да ја јадете како освежувачки оброк, или да ја служите како прилог со месо или риба.

Состојки:

130 гр булгур

300 мл вода

4 лажици маслиново масло

сок од половина лимон

1 чешне лук и перки од млад лук

еден поголем домат сецкан на коцки, а може и пиперка по желба

50 гр бело сирење

5-6 ротквици

1 шолја грашок

сол и бибер

Подготовка: 

Булгурот прелијте го со вода и варете 10 минути, а кога ќе омекне тргнете го од оган и оставете да отстои уште 10-15 минути да ја впие целата вода.

Во голем сад измешајте ги сецканите ротквици, грашокот и лукот, а потоа додадете го булгурот, ставете масло, сок од лимон, сол и бибер и на крајот додадете го сирењето. Доматот и перцата од лукот насецкајте ги ситно и додадете ги во салатата.

По желба можете да додадете и други зачински билки, како на пример босилек. за да добите слатко-киселкаст вкус во салатата можете да додадете и кисела јаболка.

Уживајте во свежината на салатата!