Екипата на Шифилд Јунајтед избори пласман во Премиер лигата, но познатиот англиски клуб не се најде во центарот на вниманието поради големиот спортски успех, туку поради начинот на кој се финансира.

Угледниот британски весник „Телеграф“ откри дека тимот е финансиран од страна на терористи. Еден од власниците на клубот е премногу „сомнителен“, па често пати го поврзуваат со роднините на најпознатиот светски терорист – Осама Бин Ладен. Роднините на Бин Ладен му помогнале на клубот со позајмица од 3.5 милиони евра која никогаш не е вратена.

Инаку, проблемите околу сопствеништвото на клубот се појавија меѓу косопствениците Кевин Макејби саудискиот принц Абдула Бин Мосад Ал Сауд. Мекејб го обвинува принцот дека „пере пари за исламските екстремисти“, додека адвокатот на Абдула, Баристер Гледхил, тврди дека Мекејб знаел дека тој износ бил исплатен и дека тој можел да го докаже тоа.