Јапонската тенисерка Наоми Осака потврди дека до крајот на годината нема да настапи на уште еден важен турнир. По поразот во третото коло на САД Опен, 23-годишната Јапонка објави нова пауза од тенисот, поточно нема да настапи на мастерс турнирот Индијан Велс во Калифорнија.

Во првата половина од календарската година, поранешната тенисерка број еден одлучи да не игра на Ролан Гарос, а потоа и на Вимблдон. Кам-бек направи на домашен терен, на Летните Олимписки Игри во Токио, но не се прослави многу. Турнирот во Индијан Велс оваа година ќе се одржи од 4 до 17 октомври.