Второрангираната тенисерка во светот, Јапонката Наоми Осака, се откажа од понатамошниот настап на грен слем турнирот Ролан Гарос. Таа се повлече еден ден откако ја бојкотираше прес-конференцијата по победата во првиот круг, за што беше казнета со 15.000 американски долари.

Четирикратната гренс слем победничка изјави пред турнирот дека не сака да зборува со медиумите од „ментални причини“, но грен слем Советот немаше разбирање и се закани дека ќе ја казни со парична казна. Покрај оваа закана, Советот најави дека во случај на продолжување на ваквиот третман, медиумите ќе ја суспендираат и од другите големи турнири.

Осака, која е двократната победничка на Австралија опен и САД Опен, како и поранешна најдобра тенисерка во светот, прво искоментира сè на Твитер, а сега на истиот канал објави дека решила да го напушти грен слемот во Париз.

  • Мислам дека е најдобро за турнирот и за останатите играчи да се повлечам, така што сите други можат повторно да се посветат на тенисот, објави Осака преку Твитер, навестувајќи дека може да направи подолга пауза од настапите.

Во долгата изјава, таа рече дека од 2018 година се бори со депресија и анксиозност што и создаваат големи проблеми кога треба да зборува пред луѓето. Таа им се извини на новинарите и на сите поврзани со овие активности и откри дека ги информирала организаторите на Ролан Гарос за нејзиниот проблем.

Што се однесува до турнирот во Париз, осмата тенисерка на светот, Серена Вилијамс, се пласираше во второто коло, откако славеше против Романката Ирина Бегу со 7:6, 6:2. Големо изненадување приреди Марта Костјук совладувајќи ја шампионката на Ролан Гарос од 2016 година, Шпанката Габрине Мугуруза со 6:1, 6:1.

Кај мажите, пак, фаворитите си го одработија своето, а пласман понатаму обезбедија Џон Иснер, Роже Федерер, Данил Медведев, Марин Чилиќ…