Ориги пред промоција

139

Репрезентативецот на Белгија и сега веќе поранешен напаѓач на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Дивок Ориги, во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како најнова аквизиција на новиот шампион на Италија, тимот на Милан. Искусниот напаѓач на „Сан Сиро“ пристигнува како слободен фудбалер, а италијанските медиуми открија дека за 3-годишниот договор, Ориги ќе заработи околу 10 мил. евра.