Светскиот тениски рект број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да ја брани титулата на Австралија опен. Тој со одлука на судот е депортиран од Мелбурн, па поради тоа ќе загуби 2000 поени.

Сепак, некој друг ќе го крене трофејот во Мелбурн, а главни фаворити се Русинот Данил Медведев, Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас

Во исчекување на тоа, објавена е интересна порака, по која многумина се прашуваат дали го „туркаат“ Рафа во финале.

Имено, американскиот новинар Крис Мекендри, кој работи за „ESPN“, преку Твитер изнесе неколку интересни податоци. Имено, таа инсинуира дека организаторите на Австралија опен намерно го ставале Шпанецот да игра во дневните термини. Надал сака да игра преку ден, затоа што топката повеќе отскокнува. Кога играше во вечерните термини, тој ги загуби последните пет меча на турнирот, напиша таа. Тоа беа поразите од Циципас лани во четвртфиналето, една година претходно загуби во истото коло од Доминик Тим. Рафа беше поразен во финалето од Новак Ѓоковиќ во 2019 година, беше сопрен и од Марин Чилиќ во четвртфиналето во 2018 година, а од Роже Федерер во финалето во 2017 година. Сите овие дуели се одиграа во вечерните термини.

Надала ќе игра во полуфиналето со Матео Беретини, а ќе биде интересно да се види кога ќе се одигра дуелот. Како што стојат работите, веројатно ќе биде преку ден. Инаку, Денис Шаповалов, кој загуби од Надал во четвртфиналето, направи хаос во Мелбурн бидејќи тврдеше дека судиите го штитат Рафа и дека се корумпирани. Ова прво го тврдеше на терен, а потоа и на прес-конференција.