Орбан: Oливер Вархели кандидат за комесар на ЕУ

142

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан даде нов предлог за комесар за проширување на ЕУ, откако Европскиот Парламент го одби предлогот на Унгарија за наследник на Јоханес Хан во ликот на Лазло Трошањи.

Претседателката на Европската комисија Урсула фор ден Лајен во понеделникот и официјално побара од Будимпешта и Букурешт да предложат нови кандидати за комесари, откако Комисијата за правни работи ги одби претходно предложените Ласло Трочањи и Рована Плумб поради судир на интереси.

Вархели е вториот кандидат на унгарскиот премиер, откако првичниот предлог, Ласло Трошањи да ја превземе функцијата на Јоханес Хан беше одбиена од Европскиот Парламент поради конфликт на интереси.

Информацијата за медумите ја потврди и унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува „Ројтерс“.

Оливер Вархели е роден 1972. година, а од 2003.та  година е дел од голем број на тела, агенции и директорати во рамките на Европската Комисија.