Општинските администрации не работат со странки

88

Општинската админстрација во локалните самоуправи на Виница и Чешиново-Облешево презема дополнителни мерки за заштита од коронавирусот, поради што го прекинаа работењето со странки и го редуцираа работното време.

Сите контакти на вработените во Општина Виница со граѓаните се вршат преку телефон или по електронски пат, поради што се определени и одговорни лица за секој сектор поодделно.

-Општинската администрација од денеска ќе работи со скратено работно време, односно од 8 до 13 часот. Почитувајќи ги препорачаните мерки за заштита од пандемијата со коронавирусот, ќе се работат само итни и неодложни предмети, поради што бараме граѓаните да имаат разбирање за новонастанатата ситуација- се вели во писменото известување од Општина Чешиново-Облешево.

Од локалните самоуправи ги информираат и фармерите дека треба да се пријават во регионалните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да да добијат соодветна дозвола за движење.

Инаку, на денешниот пазарен ден во Виница целосно беше затворен градскиот пазар и за продавачите на земјоделски и прехранбени производи, но и за трговците со текстил и други артикли.

Извор: МИА