Општина Центар ја победи Гази Баба во кошарка

101

Во рамки на купот „Свети  Георги“ денеска во спортската сала „Независна Македонија“ се одиграа финалните кошаркарски натпревари, информираат од Општината Кисела Вода.

Учениците од Општина Центар во борбата за првото место убедливо ја победија екипата од Гази Баба, со резултат 61-35. Додека, момчињата од Општина Карпош во пресметката за второто место го надиграа тимот на Кисела Вода со резултат, 55-33.

Пехарите и дипломите на најдобрите им ги подели шефот на кабинет на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Горан Петковски.

Денеска на купот „Свети Георги“ ќе се игра женска одбојка.

Воедно, вчера во Кисела Вода на шаховската лига за пензионери се одиграа 11, 12 и 13 коло. Лигата ќе заврши в петок.