Општина Центар со промотивна кампања за работа од дома

33

Следејќи ги препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, со оглед на прогласената пандемија на корона вирусот, дел од вработените во општината своите работни активности и обврски ги извршуваат од дома.

Како што се наведува во соопштението од Општина Центар,
организацијата на онлајн наставата во основните училишта,
обработката на документите во Секторот за урбанизам,
организацијата на социјалната политика и останатите активности, вработените ги извршуваат од дома, со цел непречено функционирање на општината и услужување на нашите сограѓани.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ упатуваат апел
до нивните сограѓани да бидат солидарни, одговорни, да се грижат за здравјето и да ги почитуваат препораките на Владата и на Министерството за здравство, дека само така ќе го вратиме животот
во нормала и сите заедно ќе излеземе како победници од
моменталната ситуација.