Општина Центар додели 400 илјади денари помош на градот Петриња

31

Советот на Општина Центар одлучи да се додели еднократна парична помош во висина од 400.000 денари на градот Петриња, Р. Хрватска.

– Овие средства ги донираме во знак на помош и поддршка на нашите пријатели од Петриња по разорниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала, во кој на 29-ти декември минатата година загинаа седум лица, многумина ги загубија своите домови, а целиот град беше претворен во рушевина. Со овој чин на дело ја покажуваме нашата солидарност кон соседите во овие тешки времиња, а средствата во најбрз можен рок ќе им бидат на располагање на граѓаните на Петриња – вели градоналаникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.