Општина Маврово и Ростуше додели 180.000 денари за настраданите во Албанија

75

Советот на Општина Маврово и Ростуше на својата 34 – та седница, донесе одлука за доделување финансиска помош во вредност од 180.000 денари за настраданите од катастрофалнот земјотрес во Албанија.

– Во знак на солидарност и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија, Советот на општина Маврово Ростуше одлучи да додели финансиска помош во висина од 180.000 денари. Во исто време од името на жителите на општината изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите од земјотресот а на повредените им посакауваме побрзо закрепнување, стои во соопштението од општината.

Деновиве општина Дебар издвои 300.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Албанија.

Во органзација пак на граѓанскиот сектор, граѓани и правни субјекти од Дебар во изминатите денови собраа и испорачаа 30 тони хуманитарна помош, која се состоеше главно во прехрамбени арткли, вода, средства за одржување хигиена,ќебиња.