Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2022 година

37

– Со 13 гласа за и девет воздржани, Советот на Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2022 година кој изнесува 896 милиони денари. Фокус на буџетот е развојот, а предвидено е и кратење во непродуктивните трошоци.

-Ако Буџетот за 2021 изнесуваше 1,2 милијарди денари, буџетот за 2022 година изнесува 896 милиони денари, односно непродуктивните расходи се скратени за 5,5 милиони евра. На последната седница во 2021 година, буџетот го елаборираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека истиот е развоен, односно дека во 2022-ата се предвидени 10 нови развојни програми, се наведува во соопштението од општината.

Додаваат дека вложувањата во развојната програма за урбанизмот се очекува повеќекратно да се вратат како во делот на приходите на општината така и во развојот на локалната економија. Според информациите од Општината, воедно во 2022 година во делот на урбанизмот е предвидено Меѓународен конкурс за идејно решенија за ДУП Расадник, изработка на урбанистички планови.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги издвоил проектите од секторот за локален економски развој и секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура, поддршка за уметниците и спортистите и спортските клубови.

Дополнително, ги потенцирал проектите Ранче за секое прваче, таблет за секое дете, партиципација во трошоците за згрижување, воспитание и рекреација на деца во градинките, инфраструктурни зафати, кои се реализираат преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина.

Соопшти дека е планирана изградба, реконструкција, санација на локалните патишта, на улици и патишта, изградба на подземна инфраструктура, а во обраќањето, градоначалникот Ѓорѓиевски ги издвои следните проекти.

Реконструкција на сите улици во Пржино и 11 Октомври, бараки, изградба на пешачки патеки, скали и паркови, изградба на паркинг простори, конкретно беше посочена изградбата на катна гаража во Расадник, изградба на мост на улицата Киро Фетак населбата Драчево, изградба на секундарна водоводна мрежа во населба Каменик, секундарна водоводна мрежа во Порупа, водовод на Марко Орешковиќ во населбата Кисела Вода.

Средства се предвидени и за изградба на системи за одведување и третман на отпадните води. Имено, фекална канализација, атмосферска канализација, проектите за заштита на животната средина.

Дел од буџетските средства ќе бидат наменети за дигитализација на сите внатрешни процеси во општината и надградба на постоечкиот ГИС портал со нови функциналности, што за граѓаните ќе значи поголема можност административните процеси да ги завршат од дома и  да следат онлајн како напредува нивниот предмет.

Планирано е воспоставување на Регистар на улици и инфраструктура во Кисела Вода во кој ќе се регистрира состојба со секоја од 310 улици воОопштината.

Како што информираат, со овој буџет започнува реализацијата на 70 проценти од изборната програма која за која е планирано да биде завршена во следните три години.