Општина Карпош презема мерки за намалување на загадувањето на воздухот

168

Советот на Општина Карпош на денешната седница со усвојување на одлуките за одобрување на финансиски средства на проекти од областа за заштита на животната средина, природата и енергетската ефикасност, презема мерки за намалување на загадувањето и подобрување на амбиенталниот воздух.

Како што соопшти општина Карпош, се одобриле и финансиски средства на Организацијата на жени на Град Скопје за проектот „Превенција на врсничко насилство во основните училишта на територијата на Општина Карпош”, како и финансиска поддршка на Здружение за меѓукултурна соработка „Отворена забава за сите” – Скопје за проектот „Спорт за сите”. Со одлука на Советот, македонскиот актер Никола Ристановски е прогласен за заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2019 година.

Советниците се согласиле и за одобрување на средства на лицата со попреченост од подрачјето на општина Карпош по повод 3 декември – Денот на лицата со попреченост.

Локалната самоуправа времено ќе ја даде на користење без надомест еко-машината за сечење дрва и преработка во дрвен чипс на скопската Зоолошка градина, се наведува во соопштението од Општината.