Општина Илинден го одбележа 22 март – Светскиот ден на водата

48

Под мотото „Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“, денеска Општина Илинден го одбележа 22 март –Светскиот ден на водата според календарот на Обединетите нации.

По тој повод градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден”, Ивица Трипуновски ги посетија дечињата од детската градинка во населеното место Миладиновци и заедно донесоа заклучоци за важноста на водата во човековиот живот. Дечињата за овој ден имаа подготвено приредба на тема за водата, а на градоначалникот и директорот им подарија подароци изработени од нивните вредни рачиња.

-Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет. Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. Да ја вреднуваме и цениме водата – соопштија од Општина Илинден.